(ВИДЕО) Френк Лампард му честиташе на Мане за титулата и ги воодушеви сите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул синоќа ја славеше англиската титула со победа од 5:3 над Челзи.

После три децении чекање, „Црвените“ конечно стигнаа до титулата, а откако беше кренат трофејот, во соблекувалната на тимот се случи вистинско лудило.

Садио Мане сними интересен момент каде му пристапува менаџерот на Челси, Френк Лампард и му честита за англиската титула.

Овој потег на менаџерот на Плавите ги воодушеви апсолутно сите, а тој упати и предупредување за луѓето од „Црвените“ по натпреварот.

„Тие ја освоија лигата, заслужено, честитки, но не бидете арогантни“, рече Лампард откако имаше проблеми со луѓето на клупата на „Црвените“ во текот на натпреварот.

Лампард честопати беше во кавги со Јирген Клоп, но на крајот сè заврши добро.