(ВИДЕО) Хаос во Париз: Навивачите на ПСЖ во жестока пресметка со полицијата


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


ПСЖ синоќа го победи полуфиналето во Лигата на шампионите против Лајпциг, а илјадници навивачи на овој клуб излегоа на улиците на Париз за да ја прослават победата.

Голем број од нив се судрија со полицијата, која прво се обиде да ги растера со солзавец, но тие не успеаја.

После тоа се користеа и палки, сето тоа затоа што Париз има драстични мерки во борбата против коронавирусот.

Навивачите ги блокираа улиците, го блокираа сообраќајот и го славеа своето место во финалето на ЛШ. Имаше многу факели, огномет и песни, и на крајот сето тоа заврши во голема борба со полицијата.