(ВИДЕО) Перишиќ нападна противник!

АКТУЕЛНИОТ холандски шампион ПСВ изгуби на гостувањето кај Твенте со резултат 3:2. Освен неочекуваниот пораз, во фокусот на холандските медиуми се најде потегот на Иван Перишиќ, кој го удри противничкиот играч и за ова доби жолт картон. Инцидентот се случи во близина на казнениот простор на Твенте.

По дуелот, капитенот на домаќинот Робин Пропер падна преку Перишиќ, а хрватскиот фудбалер потоа се обиде да го удри, но не го погоди лицето со полна сила.

Главниот судија Сердар Гозубијук процени дека ситуацијата заслужува жолт картон, што во Холандија беше оценето како грешно. Инцидентот можете да го погледнете ОВДЕ.