Вијналдум направи потег со што ги воодушеви сите на вивачи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новиот фудбалер на Ливерпул Жоржињо Вијналдум даде изјава која ќе им се допадне на навивачите на клубот од Енфилд.

Одличниот холандски фудбалер уште во ова лето се одлучи да го напушти Њукасл, а доби неколку понуди од кои две беа конккретни.

За Вијналдум се интересираа Ливерпул и Еверон, а овој 25-годишен објасни поради што го одби најголемиот ривал на Редсите.

„Се сретнав со челниците на Ливерпул и со челниците на Евертон. Разликата беше Јирген Клоп, кој пресуди да дојдам на Енфилд. Ми рече дека има големи планови и дека ме гледа како важен играч, па поради тоа го одбив Евертон и го избрав Ливерпул“, рече Вијналдум.

Холандскиот репрезентативец во минатото играше за Фејенорд и ПСВ, а Ливерпул на Њукасл го плати 25 милиони фунти.