Вилијан официјализираше со Арсенал и откри зошто го избрал овој клуб


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арсенал денеска го официјализираше трансферот на бразилскиот крилен фудбалер Вилијан кој доаѓа како слободен агент откако му заврши договорот со Челси.

Вилијан потпиша тригодишен договор со клубот од Северен Лондон според кој ќе заработува неверојатни 220.000 фунти неделна плата.

„Возбуден сум што станав играч на Арсенал и со нетрпение очекувам да почнам да тренирам и играм со моите нови соиграчи.

Одлучив да се приклучан на Арсенал затоа што тој е еден од најголемите клубови во светот. Имаат нов проект со Микел Артета и мислам дека клубот заслужува да блесне повторно“ –изјави Вилијан.