Вимблдон за одложувањето на турнирот ќе добие 114 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вимблдон е еден од 34 тениски турнири кои беа откажани поради пандемијата на коронавирусот, но и единствен кој ќе добие пари благодарение на осигурувањето од пандемија.

Тие во своето осигурување вклучиле и случај на пандемија уште од 2003 година, кога на светот му се закани САРС, па пораи тоа ќе добијат 114 милиони евра.

Другите два гренслем-турнири, Ролан Гарос и Ју-Ес Опен немаат слично осигирување, па им се заканува загуба од неколку милиони евра во случај на откажување на турнирите.

Од Вимблдон соопштија дека парите од осигурувањето, поточно 23 милиони евра ќе бидат поделени на клубовите, турнирите, судиите, играчите…