Вистината за намалувањето на платите на Барселона: За што се залагаше Меси?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу бура се крена во шпанската јавност дека се случил конфликт помеѓу раководството и играчите на Барселона.

Имено, во Барса се свесни дека финансиската состојба е таква што играчите треба да му помогнат на клубот, а тие се согласија да ја намалат платата за дури 70 проценти.

Беше наведено дека сè не било лесно во преговорите меѓу двете страни, а Лионел Меси, наводно, бил еден од бунтовниците. Сепак, претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу го негираше тоа.

“Меси од првиот ден рече дека тоа мора да се случи. Предлогот дојде од капитенот и неговиот заменик. Тоа е гест кој докажува посветеност за клубот”, изјави Бартомеу.

Тој истакна дека не сите вработени во клубот биле свесни за договорот и дека сметал дека се појавиле разни информации како резултат.

“Многу пати сме помогнале на нашата иницијатива. Не можеме да им помогнеме на луѓето во клубот кои не ставаат во центарот на вниманието и не вршеа притисок врз нас да го направиме она што сакавме да го направиме уште од првиот момент. Потребни беа неколку дена да постигнеме договор затоа што баравме најдобар начин како да им помогнеме на клубот и на работниците. Ќе зимаме 70% помалку плати за време на оваа криза, но ќе дадеме и пари за вработените во клубот да имаат иста плата додека сето тоа трае “, рече претходно Меси.