Витсел бил поблиску до Наполи отколку до Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рикардо Наполитано, агент на Аксел Витсел, истакна дека Наполи бил поблиску до потпишување со споменатиот фудбалер.

Голема фама се дигна околу Аксел Витсел.

Фудбалерот на Зенит има уште година дена од договорот, Зенит донекаде и сакаше да го продаде бидејќи тоа е единствен начин да заработи пари, но не по секоја цена бидејќи немаа адекватна замена за него.

Јувентус беше многу заинтересиран, гледаа во него играч кој може да го замани Пол Погба на средината на теренот, но на нивна жалост, тој трансфер не се случи. Барем не во ова лето.

Агентот на овој фудбалер истакна дека Наполи, сепак, бил поблиску до доведување на Витсел.

„Наполи? Да, беа многу блиску. Витсел во ова лето беше поблиску до Наполи отколку до Јувентус. За разлика од Јувентус, Наполи имаше договор со Зенит“, рече Рикардо Наполитано, менаџерот на овој фудбалер.