Витсел доаѓа во Италија, но не во Наполи?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белгискиот играч за врска Аксел Витсел во ова лето ќе ја напушти екипата на Зенит.

За неговите услуги се интересираа бројни тимови, а се изгледно е дека тој кариерата ќе ја продолжи во Серија А.

Иако многу италијански медиуми пред неколку дена пишуваа дека Витсел ќе премине во Наполи, изгледа дека сепак дојде до промена на планот и дека тој ќе премине во редовите на Интер.

Италијаните денеска пишуваат дека Интер ја доби борбата за овој фудбалер и дека тој наскоро ќе треба да се придружи на екипата на Роберто Манчини. Освен Наполи, за неговите услуги уште се интересираат Евертон и Лестер.