Владата во Англија ја дозволи втората фаза од „Проектот Рестарт“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека англиската Премиер лига добила дозвола од властите за наредната фаза од „Проектот рестарт“.

Следната фаза е тоа што играчите може да ги изведуваат тренинзите така што ќе има контакт меѓу нив, а тренинзите ќе се зголемат на групи од по 12 играчи.

Тренерите без да одржуваат дистанца од два метри ќе може да делат совети до своите фудбалери.

Засега работите во Англија се одвиваат доста добро, па се очекува Премиер лигата да продолжи на 12 или 20 јуни.