Влаховиќ го критикуваат за симулирање откако доби шлаканица од фудбалер на Интер (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус беа поразени на домашен терен од Интер со 0-1, а Душан Влаховиќ одигра добар меч, но не искористи ниту една шанса, додека доби и една шлаканица.

Данило Д’Амброзио при една гестикулација со која сакаше да го покаже незадоволството со рака заврши во лицето на српскиот напаѓач.

Оваа ситуација предизвика многу реакции по мечот на социјалните мрежи, а навивачите на Јувентус се бесни затоа што дефанзивецот на Интер не бил санкциониран, додека поддржувачите на „нераѕурите“ зборуваат дека Србинот одлично се вклопил во менталитетот на Јуве и почнал да симулира.

Во секој случај, тоа е во сенка на резултатот и набрзо ќе се заборави, додека Интер ги брка Наполи и Милан во битка за титулата.