Влаховиќ потпиша за Јувентус и избра легендарен број на дрес! 📸


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ и официјално потпиша за Јувентус, откако реши да ја напушти Фиорентина каде што играше одлично во првата полусезона.

Влаховиќ ги налути навивачите на тимот од Фиренца, зашто потпиша за најголемиот ривал, а Јувентус вечерва го промовираше српскиот голгетер.

„Старата дама“ за доаѓање на напаѓачот плати 75 милиони евра, а Влаховиќ од самиот почеток на јануарскиот преоден рок сакаше да се пресели во Јувентус.

Арсенал му нудеше голема плата и 75 милиони евра за трансфер, но Влаховиќ ја одби идејата да се пресели во Премиерлигата.

Интересно е тоа што српскиот фудбалер во Јувентус ќе го носи дресот со број седум, кој во претходните сезони му припаѓаше на Кристијано Роналдо.