Влаховиќ со коментар за Роналдо ги скара навивачите! 📸


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ стана нов фудбалер на Јувентус, а беше претставен во тимот во дрес кој претходно го носеше Кристијано Роналдо.

Србинот уште како дете бил голем навивач на Португалецот, па сега во јавност се појави една негова објава додека бил во младинскиот состав на Партизан.

Јувентус во 2017 година во финалето на Лига на шампиони (ЛШ) доживеа дебакл од Реал Мадрид (1-4), а еден од головите постигна Роналдо.

„Да, да, ти! Да живее кралот!“, напишал Влаховиќ по натпреварот во финалето на елитното натпреварување.

Неговата објава привлече големо внимание, а дел од навивачите му се лутат поради неговиот потег, додека други почнаа да го споменуваат и Лионел Меси во целата приказна.

Влаховиќ стана најскапиот српски фудбалер во историјата со трансферот од 75 милиони евра.