Влаховиќ уште на 10 години им држел фудбалски лекции на другарите 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот голгетер Душан Влаховиќ наскоро ќе потпише за Јувентус во трансфер вреден 75 милиони евра, а италијанските медиуми пишуваат дека тоа најверојатно ќе се случи во сабота, кога Србинот ќе ги помине медицинските прегледи.

На социјалните мрежи се појави видео од 10-годишниот Влаховиќ, кој уште тогаш им држел фудбалски лекции на неговите другари.

Гол со „ножички“, па од половина терен, од слободен удар, дриблинзи низ одбрана и многу други потези кои воодушевувале уште тогаш, па не е чудно зошто за него интерес покажа и поранешниот италијански шампион.