Во еден клуб го очекуваат Агуеро: Го резервиравме дресот со број 10 за Агуеро


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Серхио Агуеро е вистинска легенда на Манчестер Сити, но по крајот на оваа сезона веројатно ќе си замине од клубот.

Постојат неколку опции каде Агуеро би можел да ја продолжи кариерата, а голема е веројатноста за негово враќање во клубот во кој ја започнал кариерата, Индепендиенте.

„Сенадевам дека ќе дојде и мој ред да го тренирам Серхио Агуеро. Му бев соиграч и се надевам во иднина ќе му бидам тренер. Го чуваме дресот со број 10 за него“ –изјави Лукас Пусинери, тренерот на Индепендиенте.