Во Јунајтед лути на Де Геа се подготвува местото за новиот: Позната е првата мета?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед го менува голманот на лето.

Давид Де Геа како повеќе да нема мотивација.

Шпанскиот голман е главен виновник за неколкуте погодоци оваа сезона, како да ја загуби мотивацијата, самодовербата, како да има желба за нов предизвик.

Има Манчестер Јунајтед понуда од страна на ПСЖ, но таа понуда беше незадоволувачка и изнесуваше 70 милиони евра. Сепак, имајќи предвид дека тој наскоро влегува во последната година од договорот, Манчестер Јунајтед нема премногу избор.

Така што, треба да се очекува продажба, постои извесна можност дека ќе биде продаден токму за 70 милиони, а ПСЖ да ги добие тие 20 милиони евра по сезона колку што во Манчестер не сакаа да му понудат.

Кој би можел да биде неговата замена?

Јан Облак е прв кандидат, вреди 120 милиони евра, потполно заслужено имајќи ја предвид вредноста на останатите голмани во овој момент. Тоа му е откупна клаузула, а Атлетико Мадрид не сака да го продаде за помалку од таа сума.