Во Шпанија се сигурни: УЕФА избра нов домаќин за финалето во Лигата на шампионите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Последниве денови се појавија шпекулации дека УЕФА ќе го промени домаќинот на финалето на Лигата на шампионите и дека натпреварот на сезоната нема да се игра во Истанбул.

Цитирајќи извори на УЕФА, шпанската Кадена Цер известува дека Европската фудбалска федерација веќе постигнала договор со турските власти и дека Истанбул не е подготвен да организира натпревар од такво значење во овој момент.

Најголеми шанси новиот домаќин да биде Лисабон, а последниот дуел за најдобриот тим во Европа, треба да се игра на стадионот Луз.

Португалија лесно се справи со коронавирусот, укинати се многу мерки за забрана и токму оваа земја е главниот фаворит за преземање на домаќинството.

Лисабон има предност пред Германија бидејќи едно од следните три финалиња ќе се игра во таа земја. Домаќин на финалето во 2022. година ќе биде Минхен.

Официјалната потврда за домаќинот во финалето на Лигата на шампионите, како и формата на финалето на ова елитно натпреварување, ќе биде донесена на 17. јуни, кога ќе се состане Извршниот комитет на УЕФА.