Водич за четвртфинале: Парови, термини, локации…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со дуелот меѓу репрезентациите на Англија и Исланд во Ница е спуштена завесата од осмина финалето на ЕП во фудбал.

Од овој момент познати се сите четвртфинални парови и но термините и локациите од мечевите кои се одлучуваат за полуфиналистите.

После 44 натпревари, колку што се одиграни во групната фаза од натпреварувањето и осминафиналето, Европското првенство во Франција влегува во самата завршница, а денеска стана јасно дека Стариот континент ќе добие нов владетел.

Бранителот на трофејот и двоен по ред освојувач на трофејот европски шампион е елиминиран од осмина финалето од страна на репрезентацијата на Италија, која со селекциит на Полска, Португалија, Велс, Белгија, Германија, Франција и Исланд стигнаа до четвртфиналето.

Да не беа промените во форматот на натпреварување четвртфиналето ќе беше прва скала во елиминациската фаза, но УЕФА се одлучи да ни овозможи нешто повеќе натпревари, меѓу кои спаѓаат и претходно осум во 1/8 финале.

Пред да ви ги споделиме сите детали врзани за четвртфиналната фаза на ЕП во Франција мораме да ве разочараме и да соопштиме дека следат ДВА ДЕНА ПАУЗА!

Во вторник (28 јуни) и среда (29 јуни) нема да има фудбал на ЕП, а од 30 јуни до 3 јули не очекува по еден четвртфинален натпревар секој ден. Учесницитево четвртфиналето веројатно ви се познати но затоа ќе ве потсетиме на паровите и сите останати важни информации.

Четвртфиналните натпревари се во термините од 21 часот што значи дека повеќе нема од тие мечеив во дневниот термин. Градовите домаќини на тие мечеви ќе бидат Марсеј, Лион, Бордо и Париз (Сен Дени).

Четврфинален натпревар 1: Полска – Португалија – четврток 30 јуни, 21:00 (Марсеј)

Четврфинален натпревар 2: Велс – Белгија – петок 1 јули, 21:00 (Лил)

Четврфинален натпревар 3: Германија – Италија сабота 2 јули, 21:00 (Бордо)

Четврфинален натпревар 4: Франција – Исланд – недела 3 јули 21:00 (Сен Дени)