Војна во Реал Мадрид поради Осимен и Мбапе!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Килијан Мбапе предизвика внатрешна војна во Реал Мадрид затоа што сè уште не решил да му се приклучи на шпанскиот гигант, иако на лето му завршува договорот со ПСЖ.

Мбапе е желба на „кралевите“ со години, но никогаш не успеаа да го добијат неговиот потпис, па затоа дел од раководството побарало замена за него и изборот паднал на Виктор Осимен од Наполи.

Осимен има идентичен стил на игра како Карим Бензема и дел од управата смета дека подобро ќе се прилагоди во Шпанија.

Одличниот напаѓач неодамна го продолжи договорот со Наполи, но во истиот има откупна клаузула кој може да ја активираат заинтересираните страни.