Волф се обиде со една изјава да го понижи Ферстапен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен кажа дека првиот човек на Мерцедес, Тото Волф мора повеќе да ги почитува неговиот успеси.

Волф кажа дека успесите на Ферстапен биле само за „Википедија“, а со тоа покажа љубомора бидеќи талентираниот возач и актуелен шампион славеше на 10 трки по ред.

„Не сум разочаран поради тоа, но Мерцедес имаше катастрофална трка. Веројатно се лути на нивните перформанси. Треба повеќе да се почитуваат резултатите кои ги остваруваат ривалите“, вели Ферстапен.

Ферстапен е на добар пат да ја освои третата титула по ред во Формула 1.