Волфсбург ќе му прави на Реал нов Мората


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот напаѓач се сели во Германија.

Како и што беше најавувано претходните денови, Борха Мајорал е нов фудбалер на Волфсбург. Младиот напаѓач од Реал Мадрид замина за Швајцарија каде ќе се приклучи на припремите на германскиот клуб.

Волфсбург го доведе Шпанецот на позајмица. Мајорал е еден од најталентираните фудбалери од мадридската школа, а минатата сезона одигра и неколку натпревари за првиот тим на Реал Мадрид.

Уште не се знае дали позајмицата е со право на откуп или без откуп. Реал минатите сезони ги продаваше талентираните фудбалери од својата школа за кои немаше место во првиот тим, но ги враќаше со клаузули. Така беше со Карвахал во Леверкузен и Мората во Јувентус.