Волкановски бара борба против Топурија во јануари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски е подготвен во јануари да се бори против Илија Топурија од Грузија.

Волкановски пред неколку дена беше нокаутиран од Ислам Махачев во битката за титулата во лесна категорија, но борецот од Австралија не сака да земе долга пауза.

„Разговарав со управата на УФЦ и побарав да ми закажат борба. Сакам да се борам, иако многумина ми велат дека треба да одморам. Јануари ми изгледа како добар избор. Сакам да се борам против Топурија, би можеле да ја видите најдобрата верзија од мене“, кажа Волкановски.