Волкановски: Ќе си го вратам шампионскиот појас!


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Австралискиот борец Александар Волкановски со нокаут загуби од Илија Топурија во неделата, но веднаш побара реванш од Грузиецот.

Волкановски не планира да се пензионира, иако многумина го советуваат да направи такво нешто затоа што загуби две борби по ред.

„Не може да ги победите сите, ова е неверојатна игра. Некогаш ќе победите, некогаш ќе загубите. Ќе си го вратам шампионскиот појас, запомнете ми ги зборовите“, кажа Волкановски.