Волкановски лови риба и тренира на брод (Видео)


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Австралискиот борец со македонско потекло Александар Волкановски го користи секој момент за да тренира, а тоа може да се забележи на најновото видео на социјалните мрежи.

Волкановски порача дека сака да се бори во февруари во Австралија идната година, а веќе е закажан настан УФЦ 309 на 9 февруари.

Илија Топурија е подготвен за реванш, но најверојатно нема да се согласи да се бори во Австралија, меѓутоа има доволно време дотогаш.

Додека го чека следниот противник, Волкановски реши да лови риба, но притоа и да вежба на брод.