Вориорс во лов на ѕвездата на Далас Маверикс

Не помина ниту ден од кога го изгубија финалето, па се појавија шпекулации за можните засилувања на Вориорс.

Претседателот на Вориорс изјави дека планираат да бидат агресивни ова лето. Познато е дека Кевин Дурент е примарна мета, а сега покажаа интерес за Дирк Новицки.

Дирк наполни 38 години неодамна, а Маверикс се во фаза на реконструкција и дефинитивно е реално неговото заминување од Далас. Еден од најдобрите европјани би бил засилување за Вориорс на позицијата центар со висина и одличен шут.

Во секој случај можно е синиот ангел после тоа што ја помина целата кариера во Далас да оди во еден последен напад за прстен со клубот од Оукленд.