Ворнок: Миовски е најдобриот напаѓач кој сум го тренирал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Бојан Миовски воодушеви со настапот против Бонириг Роус во шкотскиот Куп и му помогна на Абердин да слави со 2-0, а со тоа да обезбеди четвртфинале.

Миовски и оваа сезона игра неверојатно во дресот на Абердин, а пофалби за неговите настапи доби од легендарниот тренер Нил Ворнок.

„Верувале или не, му кажав да постигне неколку голови и да излезе на полувреме. Кога ги постигна головите, си намигнавме и решивме дека е доволно. Миовски е неверојатен напаѓач и интересно е што во оваа фаза од мојата кариера го добив најдобриот кој сум го тренирал“, кажа Ворнок.

Миовски оваа сезона настапи на 36 меча за Абердин во сите натпреварувања, а притоа постигна 22 гола и четири асистенции.