Вотфорд го претстави новиот тренер, поранешен предводник на Лестер ќе седне на клупата на „Викариџ Роуд“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Вотфорд потврдија дека Најџел Пирсон ќе биде новиот тренер на клубот кој се наоѓа во голема криза.

Поранешниот предводник на Лестер кој ги внесе „лисиците“ во Премиер лигата потпиша договор со Вотфорд до крајот на оваа сезона.

Вотфорд е закован на дното на табелата во Премиер лигата, а оваа сезона веќе доживеа неколку катастрофални порази. Најџел Пирсон е третиот тренер кој ќе го води клубот оваа сезона по Хави Грасија и Кике Санчез Флорес.