Вовед во поразот на „Црвените ѓаволи“: Алибито е противпожарниот аларм и тоа на двапати…?!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Манчестер Јунајтед доживеа пораз од Вулверхемптон во вторникот, па така нивните шанси за освојување на некое од првите четири места значително паднаа.

„Волците“ им создаваат сериозни проблеми оваа сезона, ги елиминираа од ФА Купот, па така на двапати ги добија оваа сезона, додека третиот дуел заврши со реми, па со причина навивачите на Вулверхемптон, во текот на натпреварот, скандираа „Можеме ли да играме со вас секој ден“.

Сега се појави и информација во англиските медиуми во која „Ѓаволите“ би можеле да побараат алиби.

Имено, во хотелот во кој отседнаа, на денот на мечот на двапати се огласи противпожарен аларм.

За работата да биде уште полоша, алармот се огласи на двапати во 14:30 и 15 часот, кога фудбалерите имаа „дремка“ пред дуелот со екипата на Нун Еспирит Санто.

Нема сомнеж дека поединци ова ги поремети, но тешко дека може да биде изговор за трет неуспех против оваа екипа во оваа сезона.