Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Иако има веќе 40 години, по одлични игри на Светското првенство, голманот Возиња го дочека договорот на неговата кариера. Возиња потпиша за Коло-Коло, но го дочека леден туш кога сфати кое правило важи во Чиле.
Една од најубавите приказни на минатото Светско првенство е 40-годишниот голман Возиња кој бранеше за Зеленортските Острови и го воодушеви фудбалскиот свет со своите игри.
Зеленортските Острови направија неверојатен подвиг со пласирањето во нокаут фазата, каде што пропишано ја намучија Аргентина која ги исфрли дури по продолженија.
Возиња го воодушеви фудбалскиот свет со своите одбрани, а иако е на залезот на својата кариера, го дочека договорот на животот.
Овој голман пред неколку дена потпиша за Коло-Коло и кариерата ќе ја продолжи во Чиле, каде што во позни години ќе има најголема плата во својата досегашна кариера.
Меѓутоа, доаѓањето во Коло-Коло не можеше да помине без проблеми за Возиња, бидејќи му рекоа на потпишувањето на договорот дека нема да може да го носи прекарот “Возиња” на дресот.
Во Чиле важи правило дека фудбалерите не можат да носат прекари на дресовите, туку само презимиња, што за овој 40-годишник беше леден туш.
Инаку, неговото полно име и презиме е Жозимар Жозе Евора Дијас, а Возиња му е прекар. Поради тоа, искусниот голман ќе мора на дресот да го носи презимето Дијас.
















