Вреди ли играта со нога на Онана колку пацерските голови? (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Манчестер јунајтед, Андре Онана прими два пацерски голови против Галатасарај во Истанбул и ги намали шансите на тимот за пласман во осминафинале во Лигата на шампиони (ЛШ).

Хаким Зијеш двапати го матира Онана од слободен удар, па ова предизвика дискусија меѓу навивачите дали „ѓаволите“ згрешиле со ангажманот на овој голман.

Како една од предностите на Онана се споменуваше неговата игра со нога, но пацерските голови му ја урнаа цела репутација.

„Вреди ли неговата игра со нога колку пацерските голови?“, прашува еден навивач на социјалните мрежи.