Времето ги казни: Милан со ултиматум за Кеси – или договор или трансфер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Времето полека истекува за Милан и ризикот за заминувањето на Франк Кеси како слободен фудбалер се зголемува затоа што не можат да се договорат околу платата.

„Газета дело Спорт“ ги цитираше зборовите на Кеси пред Олимписките игри дека сака да остане во Милан засекогаш, иако такво нешто нема да биде можно ако не се договорат.

Милан ја зголеми понудата за плата на 6,5 милиони евра по сезона, но фудбалерот сака плата од осум милиони евра.

„Росонерите“ немаат толку пари за плата, па поради тоа размислува да го продаде одличниот фудбалер на ПСЖ или Ливерпул, кои би можеле да ги задоволат барањата на фудбалерот.

Раководството на Милан досега имало неколку состаноци, но не се договори со Кеси, па останува да видиме што ќе се случи до јануари.