„Вселенска Маракана“ на повидок: Црвена Звезда ќе потроши 200 милиони евра за нов стадион (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Црвена Звезда ќе гради модерен стадион во следните две години, а директорот на клубот Звездан Терзиќ ги најави инвестициите во клубот.

Српскиот тим е во тек со европските трендови, па тие ќе градат нов стадион, кој привлече големо внимание на јавноста, а истиот ќе чини околу 200 милиони евра.

Стадионот останува на сегашната локација, само што ќе биде ултрамодерен, по сите стандарди на УЕФА, на земја од 16,5 хектари, чиј сопственик е српскиот тим.

„Најблиску сме до решението идниот стадион да има капацитет од 42.000 гледачи, зашто таквото решение го гледаме како најоптимално ако се земат во предвид цените за изградба, периодот на траење на градежните зафаати и останато. Тоа вкупно чини 200 милиони евра“, порача Терзиќ.