Втора сезона без Европа: ФФМ не му даде евролиценца на Вардар!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска потврди дека најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе остане без евролиценца и втора година по ред.

ФФМ објави дека лиценца за настапи во натпреварувањата на УЕФА добиваат Академија Пандев, Македонија ЃП, Работнички, Ренова, Силекс, Шкендија и Шкупи, додека комисијата нема да им даде лиценца на Брегалница, Вардар, Борец и Струга Трим Љум.

Ова е лоша вест за македонскиот тим, кој втора година ќе остане без настап во европските натпреварувања, иако сезонава покажа храброст на теренот и заслужено беше на првата позиција пред останатите ривали, но и покрај тоа, нивниот труд на крајот остана „награден“.