Вучиќ им честиташе на македонските репрезентативци: Србија со цело срце ќе биде со вас!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на македонските репрезентативци им го честиташе пласманот на Европското првенство.

Македонија вчера победи со 1-0 против Грузија во Тбилиси, со што го обезбеди историскиот успех.

„На сите граѓани на Македонија им го честитам историскиот успех и пласман на фудбалската репрезентација на ЕП. Ние, граѓаните на Србија, ќе бидеме со цело срце со вас“, напиша Вучиќ.

Србија вчера загуби против Шкотска на домашен терен по изведување на пенали, па испушти можнсот да се пласира на ЕП.