Вујовиќ ќе биде тренер во Хрватска – главна цел е да го симне Загреб од тронот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Веселин Вујовиќ доби нов ангажман и стана стратег на хрватскиот вицешампион Нексе.

Вујовиќ ги договорил условите со раководството на Нексе и ќе седне на кормилото кое претходно му припаѓаше на Бранко Тамше.

Искусниот тренер последен пат беше во хрватскиот ракомет во 2020 година, кога го тренираше Загреб, а последен ангажман како селектор му беше во Иран.