Вујовиќ ќе го смени Тамше на кормилото на ППД Загреб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот гигант ППД Загреб вчера се раздели со тренерот Бранко Тамше, по лошиот старт на сезоната, а веднаш беше објавено кој ќе биде неговата замена. Повратник на клупата на клубот е Веселин Вујовиќ.

Вујовиќ ќе има тешка задача да го врати ППД Загреб на победнички патеки, откако хрватската екипа загуби во првите две кола во Лигата на шампиони.

„Се враќам на клупата на ППД Загреб. Претставувањето ќе биде во 12 часот. Засега не можам да ви откријам ништо повеќе од тоа“, кажа Вујовиќ.

Вујо ќе дебитира против Барселона во сабота, а го очекува и меч против Еурофарм Работник во СЕХА-лигата на петти октомври.