Вујовиќ: Македонија за мене е втора татковина, а Вардар ми е во срцето!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Искусниот стратег Веселин Вујовиќ официјално седна на тренерското столче на македонскиот шампион Вардар, каде што се враќа по пауза од цели осум години.

Вујовиќ претходно го предводеше Вардар во период од 2011 до 2013 година, а сега е пресреќен што повторно се враќа во екипата од Скопје.

„По моето заминување се случија неколку работи. Вардар стана европски шампион и бренд, па многу ракометари сакаат да играат за тимот. Сметам дека ова е предизвик за мене и ќе се обидеме да ги реализираме целите. Македонија е моја втора татковина, а Вардар ми е во срцето. Секогаш го сакав Вардар. Свесни сме дека тимот не е на врвно ниво како во претходните години, но сметам дека може да оствариме добар резултат“, кажа Вујовиќ на прес-конференцијата.

Фото: РК Вардар