Вујовиќ за Гурбиндо: Се изненадивме, го дочекавме со еуфорија, но…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вардар в среда од 20.45 часот ќе го пречека Мешков Брест во вториот меч од Лигата на шампиони, а коментар за Едуардо Гурбиндо пред овој натпревар даде и тренерот Веселин Вујовиќ.

Гурбиндо вчера кажа дека бил разочаран во Вардар затоа што не го дочекал тоа што му било ветувано и сака да замине во Динамо Букурешт.

Вујовиќ даде изјава за целата ситуација и за тоа што се случува со Гурбиндо.

„Целата ситуација за нас беше изненадување. Од првиот ден го дочекавме со еуфорија, тој е класа играч и нормално дека ќе беше подобро да го имавме. Повеќе ќе ни значеше во одбраната отколку во нападот. Тука се Њокас и Моралес кој можат напред дадат повеќе. Како и да кого нема и без него се мора“, кажа Вујовиќ.