За малку ќе заплачеше од среќа: Жоржињо доби неочекувано изненадување! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси успешно ја заврши сезоната откако ја освои Лигата на шампиони. Премиерлигашот пред една недела во финалето го победи Манчестер сити со 1-0 и по вторпат во својата историја успеа да го освои трофејот.

Челси беше одличен во нокаут-фазата во која на патот до финалето ги исфрлија Атлетико Мадрид, Порто и Реал Мадрид.

Во финалето за многумина „граѓаните“ беа фаворит, но на крајот Челси успеа да слави со 1-0 и да го освои трофејот.

Многу фудбалери по мечот тргнаа на собирите со репрезентациите, зашто за нив нема одмор и ги очекува настап на Европското првенство.

Во центар на внимание е Жоржињо, кој се подготвува со Италија за натпреварите, а во еден ресторан го пречека вистинско изненадување.

Газдата на ресторанот заедно со химната на Лига на шампиони му даде посебен подарок на фудбалерот на Челси.