За мечот под маски зборува цела Шпанија: Реал Мадрид го понижи Атлетико! ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Додека сениорите се на репрезентативни обврски, младите фудбалери на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид испишаа историја во големото ривалство.

На мечот кој беше одигран денеска беа постигнати 11 голови, а секој од нив заврши во мрежата на Атлетико, што значи дека Реал славеше со 11-0.

Момчињата до 15 години на Реал го понижија нивниот ривал, а овој меч секако ќе биде запишан во историјата, иако не станува збор за сениорите.

Натпреварот кој го одиграа денеска во Мадрид беше специфичен и поради тоа што на мечот носеа маски сите фудбалери на теренот.

Нешто слично претходно се случи во ракометното првенство во Шпанија, каде што ракометарите мораше да ги носат маските за време на натпреварите.