За него не постои ВАР: Роналдо му удри шлаканица на Ирец и не доби казна!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо постигна два гола во победата против Ирска од 2-1 и стана најдобар стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал.

На отворањето на натпреварот Роналдо го промаши пеналот, а интересна сцена се случи пред изведување на ударот од 11 метри.

Ирски фудбалер го провоцираше Роналдо и му ја шутна топката, која беше наместена на белата точка, а Португалецот нервозно реагираше и му удри шлаканица на ирскиот фудбалер.

ВАР-технологијата во овој случај не реагираше, па Роналдо остана без казна, по што го промаши пеналот.