За реакцијата на Диего Симеоне кога Гризман влезе во игра ќе се зборува долго време


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Антоан Гризман минатото лето реши да ја засили Барселона.

После пет години, францускиот напаѓач го напушти Атлетико Мадрид и се приклучи во редовите на каталонскиoт гигант, но тој не се снајде добро на „Камп Ноу“.

Гриzман се бори со формата. Кај Кике Сетиен е во втор план, а пред само два дена на натпреварот против поранешниот клуб, тој доби шанса да игра во 90-та минута од натпреварот.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, го следеше влегувањето на интересен начин.

Неговата реакција кога го виде Гризман во финишот на натпреварот зборува многу за тоа што мисли.

Сепак, по натпреварот, Аргентинецот не сакаше да коментира ништо, но доволно е да го видите видеото.

Гризман играше на 43 натпревари за Барселона во сите натпреварувања оваа сезона и има постигнато 14 голови.