За тандемот вреден 180 милиони евра и дефинитивно нема место во Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вечерва во 19:00 часот Реал ќе ја има претпоследната проверка пред почетокот на сезоната. На десет дена пред гостувањето кај Селта во првото коло од Ла Лига „кралевите“ ќе играат против Салзбург.

Четири дена подоцна Реал ќе ја има последната припрема и тоа против Рома гости, а потоа започна сезона која не смее да биде слична на претходната.

Зинедин Зидан во Австрија поради повреда не ги зема Модриќ, Менди, Асенсио и Брахими. Освен нив повик не добија Бејл, Хамес и Диаз. Но, оваа тројка не патува затоа што како што пишува „Марка“ францускиот стратег повеќе не смета на нив.

Бејл пред шест години Реал го купи за 101 милон евра, додека за Хамес една години платија 75 милиони евра и Колумбиецот пристигна како една од најголемите ѕвезди на Светското првенство.