Заборавете на Мбапе и Халанд: Реал Мадрид ќе го добие „најголемото засилување“


Роналдо и со 39 години ја предводи Португалија! ↓↓↓


Реал Мадрид летово ќе биде активен во преодниот рок, но претходно шпанскиот шампион сака да реши некои работи во соблекувалната, а една од нив е нов договор за Карим Бензема.

Претседателот Флорентино Перез работи на нови засилувања на клубот и се очекува наскоро да пристигнат Антонио Рудигер и Килијан Мбапе, а во меѓувреме планира и да потпише нов договор со францускиот напаѓач.

Бензема има договор со „кралевите“ до 2023 година, кој го продолжи пред почетокот на сезоната, меѓутоа по неверојатната сезона со Реал Мадрид, Перез сака да го награди со нова соработка.

„Марка“ објави дека Бензема е во напредни преговори со „кралевите“ и наскоро се очекува да потпише договор до 2024 година, односно да остане во Мадрид една година повеќе.