Задар во страв поради тенискиот турнир: Децата мораат во самоизолација, ќе има уште тестови!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тенискиот свет од синоќа е во голем проблем, откако тенисерот Григор Димитров потврди дека е позитивен на коронавирус. По него, тестот беше позитивен и кај тројца тенисери од „Адриа Тур“.

Проблемот е многу поголем, со оглед на тоа дека турнирот се одржа минатата недела во Белград, а натпреварите за овој викенд беа закажани во Задар, додека публика имаше и во едниот и во другиот град.

Тестирани се дест деца и шест возрасни од тенискиот клуб Карловац, по што им е одредена мерка на самоизолација во период од 14 денови.

И премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ ќе се тестира затоа што беше во Задар во публиката и се сретна со Горан Иванишевиќ, Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ.