Заразен американски тенисер избега од Русија, му се заканува тригодишна суспензија!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Американскиот тенисер Сем Квери предизвика скандал во Русија откако се заразил со ковид-19, а потоа ги прекршил правилата за карантин и избегал од државата.

Квери заедно со неговото семејство исчезнал откако го напушти Санкт Петербург, каде што требаше да настапи на турнир.

Меѓутоа, неговиот тест на вирусот бил позитивен, па тој заедно со неговото семејство бил префрлен во хотел каде што требало да остане во двонеделен карантин.

Сепак, Квери се исплашил кога му кажале дека треба да го посети доктор и веднаш пронашол приватен авион, по што заминал во некоја држава каде што најверојатно нема потреба од негативен тест при влез.

АТП е известена за случајот и во моментов води истрага, а Квери би можел да добие голема парична казна, како и тригодишна суспензија.