Заразен и седмиот фудбалер на Сампдорија: За жал, позитивен сум на коронавирус!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полскиот дефанзивец Бартош Березински е седмиот фудбалер на Сампдорија, која е заразен со коронавирус.

Березински се огласи на социјалните мрежи каде што ја потврди информацијата.

„За жал, позитивен сум на КОВИД-19. Се чувствувам добро. И покрај преземање на мерките за претпазливост, не успеав да го избегнам вирусот. Поради тоа ве молам да бидете одговорни и останете дома“, порача 27-годишниот дефанзивец.

Фиорентина претходно објави дека тројца нејзини фудбалери се заразени, а првиот случај на вирусот беше забележан кај дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани.