Засилување за напад на тронот на Европа: Ник Калатес потпишува тригодишен договор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Еурохупс“ објави дека Ник Калатес ќе потпише тригодишен договор со Барселона, која со тоа ќе добие еден од најдобрите плејмејкери на Европа.

Панатинаикос и Калатес се разделија една година пред крајот на договорот, по што екипата од Атина мора да му плати 2,3 милиони евра на кошаркарот.

Калатес во Панатинаикос во просек постигнуваше по 13,3 поени, 9,1 асистенција и 4,9 скокови на 28 евролигашки натпревари.