Завршни преговори меѓу Челси и Барселона: Обамејанг доаѓа во Лондон?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси бара напаѓач бидејќи тренерот Томас Тухел не е задоволен со изборот кој го има и затоа сака да го купи Пјер-Емерик Обамејанг од Барселона.

Каталонскиот тим, од друга страна, го сака Маркос Алонсо од Челси, па се водат завршни преговори за да се комплетира трансферот до крајот на летниот преоден рок.

Челси и Барселона имале позитивни состаноци за реализирање на трансферот, па конечно во следните часови се очекува позитивен одговор од Каталонија за предлогот на Челси, а тоа се 10 милиони фунти плус Алонсо за Обамејанг.