Завршува историјата во Манчестер Јунајтед: Крај на ерата на Шпанците?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првпат по 2011. година, Манчестер Јунајтед би можел да остане без Шпанецот во екипата.

Таа сезона пристигна Давид Де Геа, пред него дресот на клубот го носеа Пике кој се врати во Барселона, како и резервниот голман Рикардо, кој во 2002. година пристигна од Валјадолид и се задржа три сезони на „Олд Трафорд“.

Ситуацијата која ја има Де Геа е добро позната, договор има до 2020. година, но и одбива да го продолжи, ако Јунајтед не му плаќа близу 20 милиони евра годишно. Таа понуда ја има од ПСЖ, а „Ѓаволите“ можат да го задржат следната сезона и потоа да го загубат без обештета.

Тоа нема да се случи, летото е раскрсница или Шпанецот ќе го продолжи договорот или Јунајтед ќе го продаде.

Прашање е колку можат да земат за играч кому му остануваат уште 12 месеци до истек на договорот.

Кога сме кај Шпанецот, на двајца им истекуваат договорите и веќе ова лето ќе бидат слободни да бираат нова средина. Што се однесува до Андер Ерера, тој пресече, нема да го продолжи договорот, има понуда од Парижаните и го напушта клубот.

Што се однесува пак до Хуан Мата, изгледа дека е време за враќање дома, се зборуваше за Валенсија, но сега Барселона е заинтересирана да го донесе како слободен играч. За Мата тоа би била круна на кариерата и шанса да се бори за најголемите трофеи.

Ако ова се случи, Шпанците ќе бидат минато во Јунајтед, иако ќе го видиме развојот на ситуацијата околку голманот Де Геа.